Професорката Иванка Василевска на денот кога започнуваат светските кампањи на активизам против насилството врз жените, застана во нивна одбрана и јавно се огласи на нејзиниот фејсбук профил:
,, Стоп за насилството врз жената. Психичкото и физичкото насилство се кривично дело и за истите се одговара. Никој не смее да применува тортура и насилство врз ниедно човечко битие. Оние кои го сториле истото, треба да бидат казнети и да одговараат!-напиша Василевска. Таа меѓудругото е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и гласно зборува за правата на жените.
Инаку, едно поново истражување на ОБСЕ, за насилството врз жените во државата покажува дека 14% проценти од жените биле жртва на физичко или сексуално насилство од партнер или од друго лице откако наполниле 15 години. Околу 44% од жените биле жртви на психолошко насилство од интимен партнер, 3 од 10 жени биле жртви на сексуално вознемирување, а 1 од 10 жени тоа го доживеала во последните 12 месеци. 7% од жените биле следени од демнач”
Многу долго молчењето и стигмата овозможија насилството врз жените да продолжи, а отсуството на критика на самите наши општества дополнително ја влошува ситуацијата порачуваат експертите.