Ова го изјави професорката Иванка Василевска која беше предавач на дводневната обука на Политичката академијата за млади лидери на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ 2019 која во соработка со Фондацијата Конрад Аденаурер и Институтот МК91 викендов се оддржа во Прилеп.
,,Во услови кога Македонија се соочува со егзодус, каде дневно секој втор или трет млад македонец ја напушта државата, редно е партијата на власт да се разбуди , да престане со импровизациите за наводно превземање на мерки и да го спречи одливот на мозоци во странство. Младите си одат, за жал. Не бегаат, само си одат. Бегаат оние кои направиле нешто, а на денешните млади државата им направи за да си заминат”- изјави професорката Иванка Василевска од Правниот факултет во Скопје и член на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ .
Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во раст и развој на сопстевние капацитети, а меѓудругото во посебна сесија се осврна на политичката комуникација односно како овие млади луѓе да се стекнат со вештина за пренесување на јасни пораки до електоратот.
,, Сите ве гледам како идни лидери кои се жедни за знаење, нови модели на комуникација, како и стекнување вештини за да допрете еден до друг. Нашата партија стои зад вас. Вие сте иднината на нашата држава, а ние сме должни да ви обезбедиме услови за напредок. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е градена преку искуствени политики кои ќе дадат силни ефекти за развој на ова наше општество, кое ќе започне токму од вас, рече Василевска.
Инаку, неодамна Василевска беше предавач на Женската платформа на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на тема мултикултурализам. Со јакнење на капацитетите на жените се отвораат нови предизвици за активна нивна партиципација во јавниот и политичкиот живот.