Откако во јавноста одекна случајот со шесте полициски службенички вработени во МВР, повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство со притисоци на работно место од страна на раководно полициско лице во полициска станица, претседателката на Унијата на жени на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на сите жени во институциите на кои им се случува оваа суровост.
,, Најостро го осудувам овој понижувачки чин и однос кон жената во институцијата. Ги повикувам надлежните, веднаш да ги превземат потребните мерки и сторителот/те, да бидат соодветно казнети.
Огромна поддршка до жртвите и охрабрување, да не го премолчуваат овој брутален чин.
Жените се столбот во општеството.
Однесувајте се со целосен респект кон нив.
Никој нема право да вознемирува и злоупотребува жена.
Ниту во домот, ниту во институција.
#СтопаЗаНасилствоВрзЖената,, напиша Ласовска на својот Фејсбук профил.
Инаку, во пресрет на 15-те дена активизам против насилството врз жените планирани се бројни активности на Унијата која ја раководи првата жена Благица Ласовска, позната во јавноста како силна критичарка на сите форми на насилство кон жените и децата без оглед на нивната политичка и етничка припадност или било која различност по однос на статус во ова општество.